Тешко повреден возач во директен судир на две возила на патот од Велес кон езеро „Младост“

Објавено на 23 мај, 2024 во 13:46

На регионалниот пат Велес – езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај Башино село, вчера доцна попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки управувано од К.М.(31) од Велес.

Во незгодата, што се случила околу 18:15 часот, со тешки телесни повреди се здобил К.М. додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од село Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

По овластување на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.