23.8 C
Скопје
02:29 - 29 јули, 2025

(Фото) „Искомплексиран манипулатор…“: Соња Вуксановиќ се огласи по патувањето на кое отиде сама со Аца Лукас

Поранешната сопруга на српскиот фолк пејач Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со жестока објава која многумина ги натера на размислување.

Соња на својот профил сподели порака во која јасно им се обраќа на токсичните луѓе, нагласувајќи дека вистинската „смисла на животот може само да ја родиш“.

– Смислата на животот можеш само да ја родиш. Секој токсичен манипулатор кој ве е.е во здрав мозок не можете да го нарекувате смисла на животот, бидејќи е незрела, искомплексирана личност – стои во објавата што ја сподели Соња Вуксановиќ.

Многумина се запрашаа дали Соња се обратила на својот поранешен партнер, пејачот Аца Лукас, со оглед на нивните турбулентни односи.

Оваа објава секако не остана незабележана и предизвика бројни коментари и шпекулации меѓу нејзините следбеници.

Инаку, Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ поминале еден викенд заедно во Италија, дознава „Телеграф.рс“.

Иако поранешните сопружници се разведоа пред неколку години, неодамна заедно отпатувале надвор од Србија. Како што дознава „Телеграф.рс“, Соња и Аца биле во Милано, а причина за патувањето бил нејзиниот роденден.

– На патувањето отидоа со автомобил, беа во Милано. Ова докажува дека нивниот однос е добар, инаку веројатно немаше да отпатуваат сами на викенд во Италија… Нејзе ѝ беше роденден и сакаше да го прослави во Германија, но пред тоа тие двајца по тој повод беа сами – рекол изворот за „Телеграф.рс“.

Како што дополнително открил соговорникот за српски „Телеграф“, тие по пат доживеале и непријатност, бидејќи им пукнала гумата.

 

Слични објави

( Фото) „Можеше да ме убие“: Јована Јеремиќ ѝ погледна на смртта во очи, водителката откри низ каква драма поминала

E.A.

(Фото) Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ е вистинска „бомба“: Најновите фотографии од плажа предизвикаа бура од коментари

E.A.

(Фото+Видео) Нина Бадриќ ужива на Хвар во друштво на познат маж: „Привилегија е да се биде со луѓето што ги сакаш“

E.A.

Кире Науновски призна дека има една голема мака: „Тоа е голем проблем за мене“

Еспресо

(Фото) „Како да дошол Тито“: Колапс во Игало, стотици луѓе врескајќи ја опколиле жешката Карлеуша

Еспресо

(Фото) Мажите останаа без здив: Бугарската пејачка Андреа ги истакна бујните гради во минијатурно бикини!

Еспресо