Радио Милева метафора

„Ако мравките не можат да нè видат, дали тоа значи дека не постоиме“: Рада Манојловиќ изненади со новата објава (фото) 

„Ако мравките не можат да нè видат, дали тоа значи дека не постоиме“: Рада Манојловиќ изненади со новата објава (фото) 

Пејачката Рада Манојловиќ е активна на социјалните мрежи, каде што редовно комуницира со својата публика.

Рада Манојловиќ сега привлече големо внимание со објава на социјалната мрежа X.

Имено, таа постави прашање кое предизвика лавина од коментари. „Ако мравките не можат да комуницираат со нас, не можат да нè видат, не им значиме ништо и не зависат од нас, дали тоа значи дека не постоиме?“ напиша таа и додаде:

„Со други зборови, ако не сме свесни за нечие постоење, дали тоа нешто навистина не постои?“

Иако е јасно дека пејачката употребила метафора и сакала да истакне дека она што ние веруваме е важно, многумина оставија коментари велејќи дека нејзината објава е бесмислена и се прашуваа за што зборува. Поради ова, Рада беше принудена да објасни дека употребила метафора.

„Луѓе, навистина, ох, боже… Логично е дека постоиме, прашањето е реторичко и одговорот веројатно се наметнува сам по себе, а освен тоа, сè е претставено преку метафора, ох, боже“, истакна видливо вознемирената пејачка.

„Сега ме наведе да прашам – дали нè молат да не им го уништуваме мравјалникот“, „Можеби не постоиме, но што ќе правиме со тие мравки што ги газиме? Не постоиме ли ни за нив“,  „Ние сме неважни за нив“, „Мравките знаат за нас, само нè игнорираат“, се само дел од коментарите.

фото: printcsreen/instagram

To top