Фриц го освои Штутгарт, за највисок АТП-ранк пред Вимблдон

Американскиот тенисер Тејлор Фриц го освои АТП турнирот во Штутгарт, откако во денешното финале славеше против домашниот фаворит Александар Зверев со 6-3, 7-6 (7-0). Финалниот натпревар траеше еден час и 26 минути.

Ова беше 13-ти меѓусебен дуел меѓу Фриц и Зверев, а Американецот дојде до својата осма победа над Германецот, кој беше еден од фаворитите за титулата пред својата публика.

Со триумфот во Штутгарт, Фриц ја освои својата деветта АТП титула во кариерата, а прва за оваа сезона. Благодарение на овој успех, тој од утре официјално ќе се искачи на четвртото место на АТП листата – што е негов најдобар ранкинг досега.

Фриц продолжува да го демонстрира својот напредок на тревната подлога и најавува сериозна форма во пресрет на Вимблдон.