• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев пристигна во Португалија и официјално започнува ново поглавје во кариерата – во редовите на второлигашот Фарензе.
По блескавата сезона во Швајцарија со дресот на Арау, каде беше прогласен за најдобар играч во втората лига, Ѓорѓев е подготвен за нов предизвик на Иберискиот полуостров. Во сезоната 2024/25, Ѓорѓев имаше извонредни бројки: Најдобар асистент во лигата (11 асистенции, најмногу создадени шанси (82) и седум постигнати голови
По пристигнувањето во Португалија, македонскиот офанзивец изјави:
„Португалскиот фудбал отсекогаш ме привлекувал и сега имам вистинска можност да ја покажам мојата вредност. Горд сум и благодарен што ќе носам дрес на ваков историски клуб.“, кажа Ѓорѓев.
Ѓорѓев со неговото искуство ќе биде значаен адут за португалскиот тим во борбата за повисок пласман. За Македонецот ова ќе биде втора авантура надвор од Швајцарија по онаа во холандски Твенте. Досега, тој настапуваше за Арау, Грасхоперс и Шафхаузен.

