
Поранешната вила на Јосип Броз Тито во Њујорк, која Југославија ја купила во 1946 година, била продадена, а Македонија од продажбата добива околу 4 милиони долари.
Вилата е продадена за вкупна цена од 50 милиони долари, а 8 отсто отишле во Македонија. Инаку, вилата била во сопственост на Југославија, а по распадот им припаѓала на Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија.
Фото: Google Maps
Земјите од поранешна Југославија ширум светот, како наследници на имотот на Југославија, имаат околу 50 имоти, кои се во процес на продажба.
Агентот за продажба Тристан Харпер, потврдил дека вилата ја купила компанија со адреса во Њујорк за предложената цена, а најголем дел од парите од продажбата отишле во Србија, каде што била сместена постојаната мисија на Србија во ОН.
Agent za nekretnine koji je zaključio posao je rekao da je novi kupac dobio “dio historije New Yorka” #jugoslavija #newyork #titovavila https://t.co/b3R5N8JlC3
— Klix.ba (@klixba) September 28, 2022
Вилата е ултра луксузна
Инаку, вилата е изградена во 1905 година, има 32 соби, осум бањи и два лифта. Дизајниран е од истите луѓе кои ги правеа дизајните за Гранд Централ Терминал во Њујорк. Раскошноста на зградата потсетува на Версај, со бели мермерни скалила и позлатен светларник.
Од 1905 година останал недопрена до 1946 година, кога по Втората светска војна Југославија ја купува за 300.000 долари. Во 1961 година, Тито ги угости лидерите на Египет, Гана, Индија и Индонезија во оваа вила во екот на приказната за формирањето на Движењето на неврзаните.
За време на неговиот престој во замокот, беа поставени прозори отпорни на куршуми свртени кон Централ Парк.