Македонија одигра реми 1-1 против Белгија во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Одигравме реми против моќната Белгија, но Македонија стана репрезентација која може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.
Селекторот на Белгија, Руди Гарсија по мечот изјави дека Македонија заслужила да освои бод на овој меч.
„На десет минути до крајот, требаше да го затвориме мечот. Сепак, немаше време за да се вратиме по израмнувањето. Не одигравме добар натпревар, знаевме дека Македонија е екипа која казнува грешки, па така беше на теренот. Имаа неколку шанси, двапати погодија статива. Резултатот како што заврши е заслужен и реален за двете селекции. Можам да кажам дека имавме доста грешки, а сега ни останува да играме што подобро во следните натпревари. Кога често грешиме, противниците го казнуваат тоа, така беше и вечерва. Мора да бидеме посигурни во дефанзивата и играчите да имаат поголема самодоверба.
Периодов е специфичен, за три дена пак ќе треба да играме, а за среќа имам избор. Промените ни овозможија да ја вратиме сигурноста на средината од теренот и да ја контролираме играта“, изјави Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА