18.06.2025 20:17
Вести Македонија Најважни

Македонија денеска го презема претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива

На маргините на 10-от годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција.

Станува збор за прво претседателство откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка, а нашата делегација ја предводи министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Министерот Муртезани ќе учествува на церемонијата на примопредавање на претседателството, на панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 година и ќе трае една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Можеби ќе нападнеме, можеби не, никој не знае што ќе направам – Трамп за можен напад на САД врз Иран

Дејан Дејан

Американски конгресмени: Ако Иран не ја прекине нуклеарната програма, САД се подготвени да дејствуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе