40.8 C
Скопје
13:57 - 7 јули, 2025

Аница Лазиќ проговори за пластичните операции и откри: На триесет сум поубава отколку на осумнаесет

Јавноста ја запозна Аница Лазиќ како девојка на актерот Лазар Ристовски, а таа веднаш привлече внимание со својата природна убавина.

Како што неодамна изјави, не планира наскоро да влезе „под нож“, но чувствува голем социјален притисок.

„Не ми е тешко да бидам природна, бидејќи одлучив дека така ќе биде, но мислам дека има многу предизвици, особено за жените“, изјави неодамна таа.

„Ние сме под поголем притисок да бидеме совршени, негувани и без брчки. Само што разговарав со другарките, мислам дека сега на триесет и нешто сум поубава отколку кога имав осумнаесет години. Сè уште ништо не сум направила“, изјавила тогаш таа“, пренесува „Блиц“.

Аница нагласува дека е љубител на „се природно“, но нагласува дека не е невозможно во одреден момент да се оперира.

„Што се однесува до пластичната хирургија, не би го направила тоа, но го следам правилото „никогаш не кажувај никогаш“, бидејќи обично кога велам никогаш, тоа ми се случи, но мислам дека ќе избегнам пластична операција“, изјави Аница, па додаде:

„Се трудам секој ден да имам барем еден час за себе, ако е можно, и успевам во тоа и покрај сите мои обврски. Не сум некој што користи многу козметика, бидејќи сè ми е горе-долу природно. Имам една пудра, маскара и сенка за очи. Кога нешто е природно, мене ме привлекува.“

Слични објави

(Фото) Огнената навивачка Магдалена со убедливо најраскошно деколте

Еспресо

Слоба Радановиќ: „Прв пат го видов морето на 13 години, не бев „патлиџан-турист“, бев уште полошо од тоа“

Е.А.

(Видео) Наташа Беквалац запросена среде настап: Пејачката шокирана, падна на колена

Еспресо

Инвестираше повеќе од 30.000 евра: Војаж започнува нов бизнис со кој ќе заработи многу пари!

Еспресо

(Фото) Смело издание на Луна Ѓогани: Ги истакна атрибутите во провокативен костим за капење

A.J.

(Фото) Јована Јеремиќ се соблече во минијатурно бикини во Шпанија и испрати брутална порака: „Кармата ќе затропа на…“

Еспресо