Ѕвездата од мега хитот Чарлиевите ангели, Камерон Дијаз денес полни 51 година.
Таа важи за една од најплатените актерки во Холивуд, благодарение на нејзините одлични изведби во низата романтични комедии и драми.
Дијаз пред да стане актерка беше модел. Уште во средношколските денови потпишува договор со агенцијата Elite Model Management, а меѓу останатите ангажмани има работено за Calvin Klein и Levi's.
Без претходно актерско искуство на 21 година за прв пат се појавува на филм, каде глуми заедно со Џим Кери. The Mask станува култна комедија и ѝ ги отвора вратите на Камерон кон Холивуд.
Кратко потоа следуваат My Best Friend's Wedding, There's Something About Mary, Being John Malkovich... и како шлаг на тортата доаѓа Charlie's Angels во 2000-та година што ќе ѝ го загарантира местото меѓу најдобрите.
Таа ќе го позајми гласот и за принцезата Фиона во Шрек, а ќе ја гледаме и во малку поинаква улога во Gangs of New York.
Се појави заедно со Џастин Тимберлејк во комедијата Bad Teacher, а двојката потоа излегуваше три години, пред актерката да се омажи за гитаристот Бенџи Меден со кого во 2019 добија ќерка преку сурогат мајка.
Убавата блондинка има напишано и книги на тема здравје, а истотака е и голем активист за животна средина.
Во однос на стилот важи за една од дамите кои одлично изгледаат во тоа што го носат.
Нејзината извајана фигура на црвениот тепих ја гледаме најчесто во црвени, беж и црни монохроматски изданија, а поретко во дезени и останати бои.
Во чест на роденденот го издвојуваме најдоброто.
Фото:Pinterest