Алонсо не се откажува од него: Модриќ и следната сезона во Реал?

19. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алонсо не се откажува од него: Модриќ и следната сезона во Реал?
Фото: ФЦ Реал Мадрид/Твитер

Доаѓањето на Чаби Алонсо за тренер на Реал Мадрид сигурно ќе донесе промени во „кралскиот клуб“, но не и кога станува збор за статусот на Лука Модриќ.

Како што објави шпанскиот весник „Марка“, Мигел Анхел Ториби, Модриќ ќе остане во Реал Мадрид најмалку уште една сезона.

„Шпанскиот стручњак го гледа искуството на Модриќ како клучен фактор во тимот. Тој е лидер на овој тим“, наведува шпанскиот весник во својот текст.

Иако во септември полни 40 години, Алонсо го сака Хрватот во тимот, за да има решение на клупата и да придонесе со своето искуство. И покрај годините, Модриќ одигра 54 натпревари оваа сезона и постигна четири гола, а имаше и осум асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата