• недела, 06 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мбапе ги именуваше Јамал и Дембеле како фаворити за Златната топка

Мбапе ги именуваше Јамал и Дембеле како фаворити за Златната топка

Мадрид, 7 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, одговори на прашање за кандидатите за Златната топка во 2025 година.

-Би гласал за Дембеле. Дали навистина треба да објаснувам? Зборуваме за Јамал и Дембеле. Тоа е јасно. Многу работи ќе се случат до изборот, но денес главни фаворити се Усман и Ламин, изјави Мбапе за „RMC Sport“.

Минатата сезона, 17-годишниот Јамал одигра 55 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 гола и имаше 25 асистенции.

Дваесет и осумгодишниот Дембеле има 33 гола и 15 асистенции во 49 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан