• Latest

Бујар Османи прифаќајќи го францускиот предлог директно стави нож во белите дробови, закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет и тоа никогаш нема да го заборавам, рече Мицкоски

June 11, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бујар Османи прифаќајќи го францускиот предлог директно стави нож во белите дробови, закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет и тоа никогаш нема да го заборавам, рече Мицкоски

Ако на 24 јуни не помине на АФЕТ, на Комисијата за надворешните работи во ЕП резолуцијата, во која јасно стои посебниот многувековен македонски идентитет и јазик, тогаш проблем не е промена на Уставот, проблемот е вековниот македонски идентитет и јазик, порача Мицкоски. 

June 11, 2025 14:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до моментов нема потврда дека ќе има средба на македонска и бугарска делегација на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, овој месец, но напомена дека деновиве лично ќе стапи во контакт со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за да се информира дали има одговор од другата страна.

-До овој момент таква потврда немам, но планирам деновиве лично да се слушнам со претседателот на Европскиот совет, Кошта, бидејќи тоа беше негова идеја, ние ја прифативме без резерва, за тоа дали има некаков одговор од другата страна, рече Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во Владата по свечената церемонија за доделување на национално признание за врвни достигнувања во спортот.

Мицкоски кон крајот на минатиот месец истакна дека на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за евентуалната билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи. Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг,  како што кажа тогаш е добра можност за средбата, на неа би присустувале претедателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, а составот, како што посочи Мицкоски го прошириле и со можноста за присуство на генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Премиерот денеска изрази жалење, за начинот на кој се однесува како што рече наш сојузник во НАТО, коментирајќи ги последните пораки кои пристигнуваат од високи официјални претставници на Софија, меѓу кои и претседателот Румен Радев и потпретседателката Илиана Јотова, кои обвинија за притисок од македонска страна, како и дека треба будно да се следи што прави Скопје и што се случува во Европскиот Парламент.

-Жалам што наш сојузник во НАТО се однесува вака кон свој сојузник во рамките на НАТО, но оставам на останатите членки сојузници да судат. Да се користи како политичко оружје членството во ЕУ или интеграцијата на земјата во рамките на ЕУ, за да се решаваат билатерални прашања од пред неколку векови навистина претставува несмасна дипломатија. Но во ред, така одлучила бугарската дипломатија, бугарските политичари, така одлучила бугарската политичка сцена, тоа е тоа, јас не можам да им кажувам како да однесуваат. Нам ни беше важно овие година дена светот да разбере дека суштината на проблемот не се да ги додадеме Бугарите во Уставот, односно согласно податоците од последниот попис, над 800-те граѓани, кои се дел од бугарската заедница кај нас и кои велат дека нивниот мајчин јазик е бугарскиот. Суштината е обид на еден инженеринг, да се создаде нова македонска нација, која е резултат на одлука на Коминтерната по ’45-та година од минатиот век и дека таа нова македонска нација користи нов македонски јазик, кој станува службен во ОН, како дел од југословенската федерација во ’45-та година и дека почива на бугарски корени, рече Мицкоски.

Нагласи дека секој оној, кој не гледа дека ова е суштината на проблемот е, вели или политички аналфабет или не треба да се занимава со политика и додаде дека ова точно го знаел поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

-Тој точно знаеше што прави, директно стави нож во белите дробови на македонскиот идентитет, и тоа никогаш нема да го заборавам, прифаќајќи го францускиот предлог директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Ќе се бориме до крај, додека можеме, не знам дали ќе успееме, но добиваме симпатии и се повеќе земји и високи политичари го одобруваат ова што го правиме и нашите аргументи добиваат гласност, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш праша зошто доколку проблемот е внесувањето на Бугарите во Уставот, биле поднесени амандманите со означување на македонскиот идентитет како сегашен.

-Зошто не се почитуваат одлуките од Судот за човекови права во Стразбур и не се признае ОМО Илинден Пирин, не му се дозволи на македонскиот народ во Бугарија да има свој претставник во Советот за малцинства заедно со Ромите, Евреите, Турците, Ерменците и останатите… Целиот свет гледа и суди. Ако на 24 јуни не помине на АФЕТ, на Комисијата за надворешните работи во ЕП резолуцијата, во која јасно стои посебниот многувековен македонски идентитет и јазик, тогаш проблем не е промена на Уставот, проблемот е вековниот македонски идентитет и јазик, порача Мицкоски.

 Фото: Влада

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ