Европа

Расте бројот на летови во ЕУ, Амстердам е најпосакувана дестинација

Автор: Мирјана Јовеска

20 јануари 2025, 13:11

Во 2024-та во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални лета, што е за 5,8 отсто повеќе од 2023-та

И покрај ова зголемување, бројот на летови остана под нивоата од пред пандемијата

Најголем број на комерцијални летови во 2024 година е забележан во Амстердам, Париз и Франкфурт

Расте бројот на летови во ЕУ, Амстердам е најпосакувана дестинација

Depositphotos

Мирјана Јовеска
Новинар

Во 2024 година во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални лета, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со 2023 година, кога имаше 6,3 милиони такви летови, објави денеска „Евростат“. И покрај ова зголемување, бројот на летови остана под нивоата од пред пандемијата, кога во 2019 година изнесуваше седум милиони.

Нередовните комерцијални летови (чартер-летови и други специјални летови) сочинуваа 8,7 проценти од сите летови во 2024 година. Летните месеци (јуни, јули и август) забележаа најголем број на нередовни летови (10,3 отсто, 10,7 отсто, и 10,1 отсто, соодветно).

Број на регистрирани комерцијални летови во ЕУ по месеци Евростат
 

Амстердам е најфреквентниот аеродром

Најголем број на комерцијални летови во 2024 година е забележан во Амстердам, Холандија, каде што на аеродромот „Шифол“ биле реализирани 484.000 комерцијални лета. Потоа следуваат аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, со 463.000 лета, и германскиот аеродром „Франкфурт на Мајна“, со 437.000 лета.

„Блумберг Адрија“ веќе информира за тоа дека Амстердам, Барселона, Париз и Дубаи се само дел од дестинациите кон кои ќе може да се лета од скопскиот аеродром годинава.

Најфреквентни аеродроми во 2024 година Евростат
 

Меѓу десетте аеродроми со најголем број комерцијални летови се вброија и шпанските аеродроми во Мадрид и во Барселона, минхенскиот аеродром, италијанскиот „Фјумичино“ во Рим, атинскиот, виенскиот и аеродромот во Даблин, Ирска.

Притоа, од „Евростат“ истакнуваат дека меѓу аеродромите со најголем дел од нередовните летови се истакнуваат оние во Атина (5,5 проценти), Грција, во Виена (4,6 отсто), Австрија, и во Мадрид (4,5 отсто), Шпанија.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Маврициус сака да ги привлече богаташите и да ја смени репутацијата на даночен рај
Свет

Маврициус сака да ги привлече богаташите и да ја смени репутацијата на даночен рај

„Можете да нè наречете јурисдикција со ниски даноци или јурисдикција со ефикасни даноци“, рече министерката за финансиски услуги и економско планирање. „Но, ние не сме даночен рај“.

пред 12 часа

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите