Мхитаријан за поништениот гол: Офсајд од два-три сантиметри, ќе го мислам додека сум жив…

Барселона и Интер одиграа епски меч за паметење што заврши 3-3, но лесно можеше да се случи Интер да слави со 3-4 откако Мхитаријан круниса еден контранапад совладувајќи го Шчесни.

На крајот, голот беше поништен поради офсајд, а уште пофрустрирачка за „нероаѕурите“ беше и сликата од спорниот момент, откако беше утврдено дека Ерменецот само со шпицот од копачката бил зад последниот домашен дефанзивец.

„Офсајд од два или три сантиметри, поништен гол со кој ќе поведевме во клучниот момент…  тоа е нешто за што ќе размислувам додека сум жив. Сепак, мораме да останеме со кренати глави, да размислуваме за реваншот и да се надеваме дека ќе играме добро како и на овој прв натпревар. Изморени сме, патиме што не победивме, но веруваме дека на реваншот можеме да бидеме упште подобри. Барселона е многу силна екипа, но истото може да се каже и за Интер“, изјави Мхитаријан.

Се вчитува...