• Горан Упале
Голманот и капитен на Баерн Минхен. Мануел Нојер на невообичаен начин се повреди на натпреварот против Баер Леверкузен.
Искусниот голман се повреди при прославувањето на голот на неговиот соиграч Џамал Мусиала, кој го постигна вториот погодок за Баварците. Веднаш по славјето Нојер почувствува болка и ѝ сигнализираше на клупата дека не може да го продолжи натпреварот.
Клубот од Минхен набрзо излезе со официјално соопштение за сериозноста на повредата:
„Нашиот 38-годишен капитен има пукнат мускул на десната потколеница и ќе биде недостапен во догледна иднина“.
Поради овој неочекуван проблем, легендарниот германски голман ќе помине извесно време надвор од теренот, а точниот период на заздравување сè уште не е познат. По излегувањето на Нојер, во игра влезе Јонас Урбиг, млад голман кој дебитираше за првиот тим на Баерн.