39.8 C
Скопје
15:03 - 5 јули, 2025

(Фото) Први фотографии од бремената Александра Пријовиќ: Сите гледаат во нејзиниот стомак и го коментираат нејзиниот стајлинг 

Српската пејачка Александра Пријовиќ во јануари објави дека е бремена, по што се повлече од очите на јавноста, па до синоќа јавноста немаше можност да види како изгледа убавата пејачка. додека е бремена.

Имено, Пријовиќ синоќа се појавила на 61-виот роденден на Жика Јакшиќ, а со својот изглед ги воодушевила сите.

Бидејќи е во првото тромесечје од бременоста, пејачката не се променила многу, но трудничкиот стомак се забележува.

Александра за синоќешниот настан избрала целосно црн аутфит, широки панталони и палто, а иако е бремена се одлучила за високи потпетици.

Фотографиите од бремената Александра Пријовиќ можете да ги погледнете – ТУКА.

Пејачката синоќа не била расположена за изјави, но претходно изјави дека посакува да има девојче.

– Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче – искрено изјави тогаш Александра.

Откако српските медиуми објавија за нејзината бременост, се огласи и пејачката.

„Точно е, бремена сум. Ви благодарам на честитките“, накратко изјавила за „Блиц“.

Ова ќе биде нејзино второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ. Александра и Филип го добија синот Александра пред шест години, на 6 март 2019 година.

Слични објави

Аца Лукас реновираше стан на Вождовац за 250.000 евра: Италијанска керамика, џакузи, звучно изолирана просторија – чист луксуз!

Еспресо

Едита направи топлес фотографии, сега проговори за нив: „Тоа беше за моја душа!“

Еспресо

„Се чувствувам ослободена“: Јована Јеремиќ по трагичната загуба донесе голема одлука

Еспресо

(Фото) Неверојатна и на 47 години: Весна Ѓогани објави фотографии во костим за капење

E.A.

На Марија и Миљана Кулиќ им „преседна“ патувањето во Македонија: Доживеале несреќа враќајќи се дома

E.A.

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша повторно е избришан: „Нападите“ не престануваат

E.A.