Хроника МВР

Со автомобил возел на велосипедска патека, пронајден е и санкциониран (ВИДЕО)

Пронајден е возачот на возилото З.С. (43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.

Со автомобил возел на велосипедска патека, пронајден е и санкциониран (ВИДЕО)

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска”, МВР известува дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16:30 часот.

Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С. (43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.

Поврзани теми

To top