
Русија ќе ги прекине непријателствата за време на прославата на Победата во Големата патриотска војна, но ќе возврати соодветно доколку Украина нападне руски позиции или објекти, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Нема да има непријателства. Меѓутоа, доколку нема реципроцитет од режимот во Киев и тие продолжат да ги напаѓаат нашите позиции или објекти, ние ќе возвратиме“, изјави портпаролот за новинарите.
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи прекин на огнот од 00:00 часот по московско време на 8 мај (21:00 часот по гриничко време на 7 мај) до 00:00 часот по московско време на 11 мај (21:00 часот по гриничко време на 10 мај) во чест на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Големата патриотска војна.
Според Кремљ, „сите воени операции ќе бидат суспендирани во текот на овој период“. Рускиот претседател ја донел одлуката од хуманитарни причини.
Путин последен пат прогласи примирје во пресрет на Велигден. Тоа остана на сила од 18:00 часот Московско време (15:00 часот по Гринич) на 19 април до 00:00 часот по Гринич на 21 април (21:00 часот по Гринич на 20 мај).