Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај, утре (16.06.2023) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20:45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Украина.
„МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“.
Околу стадионот ќе се пропуштаат само граѓаните резиденти со своите обележани возила, како и оние што поседуваат паркинг акредитации за натпреварот (новинари, фотографи и службени лица).