Македонија
На пат Гостивар-Тетово возел со 151 км/ч, Полицијата го сопре на радар!

На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с.Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.
Македонија
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!

Предмалку „ЕМСЦ“ регистрираше нов земјотрес во Македонија со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Според изворот земјотресот е лоциран со длабочина од 5 км на 7 до 8 километри југозападно од Охрид.
#Earthquake (#земјотрес) M2.4 occurred 7 km SW of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 00:48:09). More info at:
https://t.co/QMSpuj6Z2H
https://t.co/HNNe31A27t
https://t.co/LOwnHpfO5J pic.twitter.com/dPDTSvbeQE
— EMSC (@LastQuake) June 16, 2025
Македонија
Од ноќеска поскапување на сите горива, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) Земјотресот кој го разбуди Охрид и регионот, снимен на надзорна камера

Наши редовни читатели ексклузивно ни испратија видео запис од моментот на земјотресот кој го разбуди Охрид и западна Македонија, извадок од нивната домашна надзорна камера.
Земјотресот да потсетиме потточно беше со јачина од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид, додека регистриран беше рано утрово 04:35 мин.
Инаку, потресот добро се почувствува и во кичевскиот регион.
-
Македонија24 часа
Земјотрес во Македонија, регистриран предмалку во западниот регион
-
Македонија22 часа
(ВИДЕО) Земјотресот кој го разбуди Охрид и регионот, снимен на надзорна камера
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (16 јуни)
-
Македонија16 часа
Од ноќеска поскапување на сите горива, ова е новата цена
-
Временска прогноза15 часа
Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите
-
Скопје2 дена
Таксист во Скопје на швајцарец му наплатил 7800 ден и избегал
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (17 јуни)
-
Македонија3 часа
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!