NBA-На денешен ден се случи битката во “Аламо” (ВИДЕО)

620

На денешен ден, се случи исклучително интересен дуел.

На 22.11.1995, Чикаго Булс гостуваше на Сан Антонио Спарс.
“Биковите” беа во обид да го вратат шампионскиот сјај, а “мамузите” важеа за еден од најсилните тимови во лигата.

Мајкл Џордан одигра одличен меч, постигна 38 поени и беше најзаслужен за триумфот од 103:94 и освојувањето на “Аламо дом”. Двоцифрен број на поени постигнаа и Скоти Пипен (15), Лук Лонгли (12) и Дики Симпкинс (10).

“Булси” стигнаа до деветиот триумф во легендарната сезона ’95-’96-та, во која ја освоија четвртата тимска титула. Ова првенство, Чикаго успеа да победи во 72 нaтпревари кој долго време претставуваше NBA рекорд.

Уживајте во најубавите моменти од мечот.

NBA FAN
Димитар Младеновски