• Latest

Ковачевски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ го промени ставот, не е против уставните измени

June 7, 2023
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ го промени ставот, не е против уставните измени

На нас ни треба интеграција а не ни треба изолација. На нас ни треба обединување на сите, а не исклучување на било кого, рече Ковачевски по лидерската средба со Мицкоски..

June 7, 2023 14:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Можам да кажам дека е добро што ставот утрово искажан од страна на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ пред нивното партиско седиште, практично е променет и е различен од ова што го слушнав на средбата јас, меѓутоа што можевте и вие да го слушнете на прес конференцијата, а тоа е дека ВМРО – ДПМНЕ не е против уставни измени во државата. Тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба која што ја имавме денес и тоа е добро, бидејќи вакви одлуки јас од прв ден кажав дека се одлуки на сите партии, на целото општество. Ова не е процес на еден човек, на една партија, не е процес на една Влада туку е процес во кој треба да учествуваат сите и заедно да обезбедат подобра и попросперитетна иднина на сегашните и на идните генерации, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„На денешниот состанок се прави исто така јасна дистинкција за тоа дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана што сметам дека е добро дијалогот кој се води да продолжи и на крајот сите заедно да изградиме еден став дека за државата е најдобро да биде интегрирана во ЕУ и со тоа да ги оствари целите за унапредување на општеството во сите сегменти, во делот на владеењето на правото, социјалната правда и економскиот просперитет кој се клучни придобивки од зачленувањето во ЕУ“, рече тој.

Во продолжение целиот говор на премиерот Ковачевски:

Граѓаните заслужуваат да имаат функционални институции и заслужуваат да живеат во држава во која постои политички дијалог меѓу политичките партии кои застапуваат различни идеолошки провиненции. Од тој аспект е добро што имавме разговор.

Моја лична цел и заожба на Владата која ја предводам е овој процес на евроинтеграции да биде успешен. Ги имаме страштеките цели на државата предвид меѓутоа сите може да се уверите во текот на изминатиот период дека ова е веќе стратешка цел и на нашите земји партнери како во ЕУ, НАТО така и на најголем стратешки партнер САД. Сите недвосмислено кажаа дека сега е моментот и имаме отворен прозорец за проширување на ЕУ и за влез на државите од ЗБ пред се тука се мисли на нас, на Албанија и ЦГ во полноправно членство во ЕУ.

Токму затоа и уставните измени, односно вклучување на други делови од народи во преамбулата на нашиот устав се чекор напред на овој европски пат и гласот за нив, е глас за европската иднина на државата.

Ковачевски нагласи дека на таков начин, со таков глас станавме и земја членка на НАТО, на што денес сме сите горди од што сите ги чуствуваме бенефитите. Вие знаете дека во најтешката година имаме најголемо ниво на странски директни инвестиции, имаме најголемо покачување на минималната плата, историски најголемо покачување на пензиите, на просечната плата и тоа се придобивки од држава која што е практично од корисник на мировни мисии пред 30 години денес е фактор на стабилност во регионот на ЗБ што е потврдено и преку претседавањето со ОБСЕ, членството во НАТО и со тоа што кај нас се депонирани потписите од договорите меѓуи земјите од ЗБ во рамки на Берлинскиот процес во нашето МНР.

Ова се надевам дека како заклучок треба да важи и ќе важи за сите политички партии во државата за сите избрани претставници на граѓаните, бидејќи кога сте избран претставник на граѓаните и политичка партија која застапува граѓани тогаш клучно е да се остваруваат стратешките цели кои носат подобар живот на истите тие граѓани.

Граѓаните дале доверба, мандат на пратениците да одлучуваат за нивно добро, нивен просперитет, а не дале глас да гледаат негативен натпревар меѓу политичарите, или ловење на политички поени токму на теми кои значат подобра иднина за истите тие граѓани.

Државата е на вистински пат, од меѓународната заедница, од нашите стратешки партнери имаме потврда за постигнатото. Сите вие сте сведоци на сите јавни изјави кои беа дадени и тука во Скопје и надвор од страна на Канлцеарот на Германија, на претседателот на Франција, на претседателката на ЕК, на претседателот на ЕС, од страна на државниот секретар на САД и тие имаа исклучителчно јаси ставови во однсо на тоа дека државата треба да ја донесе стратешката одлукас о која што ќе го продолжиме патот на евроинтеграции и ќе станеме членка на ЕУ, кои што стратешки интерес на СМ е во согласнот и со стратешките интереси на нашите партнери кои што можете и од нив директно да го слушнете.

Сите тие не охрабруваат и поддржуваат во напорите прво да ги донесеме овие одлуки и второ во реформите кои се прават и кои ќе се прават врз основа на извештаите од скрининг процесот којшто во моментот тече.

Во таа насока се и уставните измени. Овие измени реално не се однесуваат на ниту едно идентитетско прашање, туку преку обезбедување на правата на различните заедници кои живеат тука го штитиме идентитетот не само на другите, туку и сопствениот и се гордееме како функционално демократско мултиетничко, мултикултурно, мултиконфенсионално општество без разлика кој на кој дел од општеството му припаѓа, бидејќи ние сме Европа во маало со оглед на разноликоста на граѓаните кои живеат и на културата која ја имаме во нашата држава.

Ние се гордееме со фактот дека за оваа држава се бореле и ја изградиле сите заедници кои живеат во неа и кои денес СМ ја чувствуваат како свој сопствен дом и работат на нејзиното унапредување. Тој модел на соживот е негување на различностите и навистина тоа негување на различностите е една врвна европска вредност е практично основата и на постоењето на ЕУ.

Тоа е препознаено и поздравено од целиот демократски свет на јавна сцена и ние денес сме пример на опшштество кое што ги решило своите односи внатре во општеството и што може да се види и во извештајот на ген – сек на ОН, г.Гутереш каде што охридскиот рамковен договор е наведе како договор со кој се обезбедува трајно и одржливо решение во една држава која има разноликост по различни основи.

Ние досега многупати сме го верификувале МК јазик и идентитет тој е влезен во преговарачката рамка, тој е јасно напишан како МК јазик. Го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на МК јазик, каде што стојат сите други јазици на ЕУ одоборен од сите земји членки на ЕУ. Сите вие кои што бевте присутни на првата меѓувладина конференција, можевте да видите на кабините за превод дека јасно стоеше МК јазик, билатралниот скрингн кој се одвива во ЕУ во моментов 80% се одвива на МК јазик и законодавството на ЕУ се преведува на МК јазик.

Со тоа, обврската која ја презеде ЕУ во однос на признавањето на јасен, чист МК јазик без никакви додавки и фусноти или појаснувања го исполнува како преку состаноците, документите, така преку сите јавни настапи.

Тука сакам да споделам уште нешто, а тоа е дека една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ во текот на наредните недели ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено МК јазик, идентитет и МК култура кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет и тоа ќе биде направено од страна на нивниот парламент како врвно законодавно тело во оваа држава.

Пред нас имаме одлука која што е политички тешка одлука, со оглед на дискурсот кој ја пратеше во текот на изминатата една година, со оглед на многубројни ставови кои што беа изнесени кои беа прилично дијаметрално спротивни до денес и таа одлука сите ние политичари имаме обврска да ја донесеме, бидејќи со неа обезбедуваме продолжување на европската интеграција на државата, подобар живот, иднина на сите граѓани. Нашите граѓани заслужуваат и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ меѓутоа земја членка на ЕУ СМ нашата, нивната земја а не да живеат во земја членка на ЕУ во туѓа држава.

Затоа, на средбата предложив да го направиме следниот чекор заедно и да ги изгласаме заедно уставните измени.

Бидејќи тоа е вистинското решение кое граѓаните го очекуваат од нас. Дополнително дадов предлог до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, доколку тие се сложат, заеднички и консензуално да пристапиме на остварувањето на оваа стратешка цел и сите заедно да ги гласаме уставните измени. Доколку сите заедно ги изгласаме уставните измени, отворањето, подготвувањето на амандманите, затворањето на уставот, тогаш предложив дека веднаш после последното гласање може да одиме на избори.

Тоа е став кој го имам кажано пред неколку месеци и кој јавно јас го имам соопштено меѓутоа и други членови на Владата и коалициони партнери.

Меѓутоа во текот на изминатиот период, слушајќи ги сите изјави кои беа давани од страна политичките субјекти, сфатив дека за г.Мицкоски и за ВМРО – ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање на политички поени само за себе и дека не сме водени од свои партиски интерес и дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив заеднички да го изгласаме отворањето на уставот со 2/3 при што би гласале сите пратеници во Собранието кои што го поддржуваат европскиот пат на државата и кои се определени за ЕУ и веднаш утредента ВМРО – ДПМНЕ да влезе во Владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО – ДПМНЕ: На тој начин ќе обезбедим еВлада кој аобединува и која ги обединува сите политички партии кои што се ЗА ЕУ а денес слушнавме дека тоа веќе не е проблем за ВМРО –ДПМНЕ, на тој начин таа Влада во кој аќе бидат дел сите партии кои се за ЕУ – интеграции, кои во минатото покажеле дека се за ЕУ и евроатлански интеграции ќе бидат дел од истата. Ќе го спроведе таа Влада процесот на уставни измени, таа влада ќе го заврши скрининг процесот кој е во тек, таа Влада ќе го затвори процесот на уставните измени и таа Влдаа ќе ги отвори поглавјата како втора фаза од преговрачкиот процес и дури може и да затвори едно или две од поглавјата кои се дел од првиот кластер. И дополнително таа Влада ќе може да ги организира и следните избори.

На тоа додадов дополнително за да обезбдиме, иако тоа е веќе обезбедено во преговарачката рамка, со сигурност меѓутоа тоа стои во преговарачакта рамка, меѓутоа ајде уште еден дополнителен чекор, уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби како што веќе имало случај во минатот, да имаат одредба со која што важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е практично и закажана без никакво одлагање по правењето на уставните измени во преговарачката рамка.

Се друго вон тоа, е разговор надвор од преговарчаката рамка, бидејчќи таа е донесена од страна на сите 27 земји членки на ЕУ, цел тим учествуваше во преговори на таа преговарачка рамка, таа беше доставена од француското претседателство и сметаме дека е компромис којшто овозможува прво непречено одвивање на интеграциите на нашата држава, второ заштита на МК јазик, култура, идентитет во рамки на ЕУ.

Верзијата која назад ја добив од г.Мицкоски вие ја слушнавте тој ја кажа на прес конференција, дури и образложи што јас сум предложил. Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, некои требало да бидат. Сметам дека на нас ни треба Влада во која што ќе биде едно широко обединување на сите, која што Влада ќе има јасна цел и целите ви ги кажав. Уставните измени, завршување на скрининг процесот, завршување на уставните измени, почеток на отворање на поглавјата дури и затворање на едно или две, и потоа подготовка за следни избори во терминот кој е предвиден согласно со закон. Сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, Влада на ЕУ – интеграција,  а не на изолација и на дестабилизација. Бидејќи други сценарија може да доведат до други резултати во општеството како што на пример гледаме во рамки на голем број на други држави кога се прават одредени работи непринципиелно или врз основа на одредени субјективни оценки.

Јас кажав и пак ќе кажам за мене ова не е борба за власт, за мене е борба за иднината на државата. Од тоа нема да отстапам. Ме радува фактот што претстедателот на ВМРО – ДПМНЕ и претставник на ВМРО – ДПМНЕ денес кажаа дека за ВМРО – ДПМНЕ не е проблем правењето на уставните измени и вметнувањето на други делови од народи во рамки на нашиот устав. Бидејќи ние не смееме да ја блокираме нашата иднинаи иднината на следните генерации. Ние нашите млади, нашите деца заслужуваме и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ тука дома во Северна Македонија а не во туѓина.

Во текот на изминатиот период се слушаа многу ставови дека можело да се добие подобар договор, дека можело да се репреговара. Гледајте, ние имаме и искуство од 2008 година, кога можевме уште тогаш да станеме земја членка на НАТО, меѓутоа таа шанса ја испуштивме, знаете каков предлог имавме тогаш на маса, кој што беше одбиен и каков предлог добивме на крај кој што беше прифатен и со кој што станавме земја членка на НАТО. Затоа сметам и исто така повикувајќи се на изјавите на најголемите авторитети на ЕУ, меѓутоа и на земјите членлки на ЕУ, на нивните претседатели, премиери, претставници на САД, високи претставници, дека тоа што се слуша, дека за 3 или 5 години може да се добие подобар договор, тоа сметам дека е манипулација. И дека до такво нешто нема да дојде и според нивните зборови и спроед процедуирата во ЕУ, бидејќи преговарачката рамка е одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ и првата меѓувладина конференција се одржа во присуство на претставници на сите 27 земји членки на ЕУ и сите состаноци исто така се одржуваат на нашиот тим со претставници на ЕК, која што е составена од претставници на сите земји членки на ЕУ.

Ние сме подготвени, јас тоа денес го покажав, да изнајдеме решение кое што ќе донесе обединување и победа за македонските граѓани, за државата, добро е што опозицијата се соочи со реалноста, во однос на уставните промени и потребата од нивното носење. Сметам дека доколку добро ја анализираат преговарачката рамка, таа е јавно достапна, објавена, дека исто така ќе се согласат и со неа, бидејќи таму многу јасно се наведени истите гаранции и сите обврски кои што ги има ЕУ, и обврската која што ја имаме ние, каде што се е направено на македонски јазик. Затоа сметам дека овој дијалог треба да продолжи, можеби не треба да биде секогаш со најавување со големи настани или големи прес – конференции, ние имаме и Пралемнет во кој што треба да се одвива дискусијата во рамките на оваа институција, каде што сите се застапени, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат и единствена алтернатива, до сега никој не понуди друга алтернатива за државата, ниту пак некоја друга организација на држави понуди соработка или помош на ниво како што тоа го прави ЕУ.

Исто така разговаравме и во однос на помошта која што ЕУ ја пружи на нашата држава, јас можам да ви кажам од позиција на претседател на Влада, дека помошта секоја година од ЕУ е минимум 100 милиони евра, оваа година е дури и повеќе, сите бевте свесни дека ЕУ подобри 80 милиони евра буџетска поддршка за нашата држава да се справи подобро со енергетската криза и дополнително добивме 100 милиони евра макрофинансиска поддршка со исклучително поволни каматни стапки. Дополнително ние сме дел од инвестицискиот фонд за ЗБ и сите големи проекти кои што ги имаме како што е железницата, коридорот 8 и други големи инфратуктурни проекти, вклучувајќи ги и гасовоодите со Р. Грција бидејќи тоа е дел од добрососедските односи се поддржани од овој фонд. Се разбира дека ние секогаш можеме да разговараме со ЕУ и поединечно меѓутоа и заедно со земјтие од регионот, како што го направивме тоа со премиерот на Албанија на ГЛОБСЕК конференцијата каде што јасно кажавме дека помошта која што ја добиваат змеји членки на ЕУ од југоисточна Европа е 11 поти поголема по глава жител од помошта која што ја добиваатм земји кандидати, тоа се однесува на кохезионите фондови и ние веќе работиме со претседателката на ЕК, со г – ѓа Фон дер Лајен на зголемување на учеството по глава на жител на таа помош за нашите граѓани, како и на можноста за вклучување во одредени сектори на ЕУ и пред самото пристапување, бидејќи пристапувањето е процес кој што сметам дека ќе го завршиме до 2030 година, но и пред тоа да можат нашите компании, нашите граѓани, да бидат дел од ЕУ како што е впрочем примерот со визната либерализација или со вклучувањето во енергетската заедница на ЕУ или транспортгната заедница на ЕУ.

Скринингот исто така ќе покаже и на кое ниво на подготвеност сме точно во секоја област и секое поглавје, и што треба да се направи понатаму, бидејќи тогаш ќе постои една да кажам институција, ЕК која што многу јасно тоа ќе ни го покаже, нема да остане на нас самите, на било кого без разлика на политичка провиненција или која Влада и да е, да кажува што треба да направи, да направи па сама да се оценува, тогаш ќе има процес како што го поминаеле сите европски држави и сметам дека  тоа е процес кој што ние имаме и капацитет и знаење сите заедно да го изодиме откако ќе ги донесеме големите одлуки во собранието.

Се друго, се билатерални прашања кој што ние ги имаме со Бугарија, и тие се билатерални односи помеѓу нашата држава и Бугарија кои што се регулирани во договорот кој што го имаме потпишано и кои што сите во државата го имаат одобрено и преку гласање во парламент и преку јавни изјави, дадени пред медиуми, било да е тоа со претставници на бугарска Влада, или со претставници на друга земја членка на ЕУ. Вие го видовте мојот јасен став по однос на придржувањето на сите наши соседи, вклуително и БГ во однос на спроведувањето на судските одлуки, на ЕСЧП, јас тоа го кажав многу јасно, на Самитот на Советот на Европа во Исланд, тоа беше многу јасен став, каде што кажав нашата позиција, кај нас на врвно ниво се издигнати правата на сите припадници на други народи, различни од македонскиот и дека тоа треба да го практикуваат сите држави, вклучително и сите наши соседни држави. Така да исто така сакам да потенцирам уште една работа, дека ништо не се прави под ничии диктат, ништо не се прави под диктат на било која држава, и ништо не се прави под бугарски диктат како што слушаме од изјави кои што се даваат од страна на претставници на опозицијата кои што ставови беа цврсти до пред 2 сати, меѓутоа сега можеме да кажеме дека се придвижуваме кон еден заеднички став дека ова е потребна одлука која што треба заедно да ја донесеме.

Бугарија како и секоја друга земја членка на ЕУ може да изрази мислење во однос на реформите во државата кои се однесуваат на Копенхагеншките критериуми и тоа е дел од процесот на реформи, меѓутоа не е дел од билатералните прашања за кои што се формирани комисии кои работат на консензуална основа и спроведуваат решенија на реципрочна основа во двете држави.

Она што се случува и она што го правиме е точно дефинирано во нашата преговарачка рамка на СМ со ЕУ доставена од страна француското претседателство, усвоена од страна на сите 27 земји и со тоа започнаа преговорите кои точно се одвиваат по фази, прво скрининг, па извештаи па отворање на поглавјата и кластерите.

Сметам дека носењето на овие одлуки ќе влијаат исто така позитивно и на нашите добрососедски односи. Тука предс е мислам дека носењето на оваа одлука и прогресот кој државата ќе го направи ќе влијае позитивно и на договорот од Преспа бидејќи знаете после договорот од Преспа, еден од нашите најголеми поддржувачи во еу – интеграции е токму Грција, исто така ќе влијае и на договорот со Бугарија, и нормално дека позитивно оваа одлука ќе влијае и на другите соседни држави и организации кои се наоаѓаме а тоа се Берлинскиот процес, ОБ како и односите со сите соседи поединечно.

Ако ги уништиме овие односи и ако ја пропуштиме оваа шанса, кога се наоаѓаме во ситауција да сме фактор на стабилност во земјите на Западен Балкан тогаш сметам дека ќе се направи истата грешка која беше направена во 2008 година после која држава помина еден долг период на чекање, на внатрешна изолација, на би рекол внатрешни турбуленции или несакана динамика на меѓуетничките односи. Сметам дека не треба да се доведеме во таква ситуација, бидејќи на нас ни треба интеграција а не ни треба изолација. На нас ни треба обединување на сите, а не исклучување на било кого.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ