Економија

Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година - УСВОЕН НАЈНОВИОТ КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ СО ПРОЛЕТНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ ПРОЕКЦИИ НА НАРОДНАТА БАНКА

За оваа година се очекува раст од 3%, што претставува мала надолна ревизија во однос на октомвриската оцена, во услови на понеповолно надворешно окружување. За периодот 2026 − 2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст на економската активност од 4%. Се очекува дека главен носител на економското закрепнување ќе бидат пред сè инвестициите, поддржани од јавниот инфраструктурен циклус и странските инвестиции. Позитивен поттик се очекува и од личната потрошувачка, во услови на раст на расположливиот доход и на кредитирањето. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка.

Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано