Македонија

Битка со високите цени: Ценовниците на маркетите стануваат достапни на интернет

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

18 април 2025, 13:00

Стопанската комора на трговци на големи и мало бара одложување на обврската

Здружението на приватни аптеки бара изземање од одлуката

Битка со високите цени: Ценовниците на маркетите стануваат достапни на интернет

Depositphotos

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Новинар

Денеска стапи на сила обврската за трговците на дневна основа да ги објавуваат малопродажните цени на производите на нивните официјални веб – страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

Во Правилникот стои дека сите мали, средни и големи трговци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите имаат должност дневно да ги објавуваат цените на стоките кои ги пласираат на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник). Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја коригира грешката во рок од 24 часа.

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни цени или попусти, на веб страницата треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Според надлежните, со ваквиот начин на објавување на продажните цени ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.

Изземање од ваквата одлука вчера побараа од Здружението на приватни аптеки, според кое аптеките не треба да се третираат како обични трговци.

„Сакаме да потенцираме дека аптеките не се класични малопродажни објекти, туку здравствени установи на ниво на примарна здравствена заштита, каде работи лиценциран здравствен кадар, магистри по фармација и фармацевтски техничари. Нашата основна улога е да обезбедиме здравствена услуга и фармацевтска грижа за пациентите, преку издавање и советување за употреба на лекови, следење на терапијата и едукација на граѓаните, а не да вршиме трговија во класичната смисла, изјави Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на Здружението на приватни аптеки.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Одложување на обврската бараат од Стопанската комора на трговци на големо и мало. Според нив станува збор за комплексна и обемна материја и потребно им е време за приспособување. Повеќе време посебно им е потребно на малите трговците кои сè уште се во процес на адаптација, како од технички, така и од финансиски и кадровски аспект. На оваа тема ќе разговараат и со министерот за економија на состанокот кој според најавите ќе се одржи следната недела.

„Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти, но најмногу на оние на кои им е најпотребно, а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе за инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција“, велат од Стопанската комора на трговци на големо и мало.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Нова регулатива: Ќе дочекаме ли реален пад на цените во маркетите?
Македонија

Нова регулатива: Ќе дочекаме ли реален пад на цените во маркетите?

Новиот закон бара видливо и јасно истакнати цени на полиците, но и на веб-страниците на трговците за поголема транспарентност и фер однос меѓу маркетите и потрошувачите.

27.02.2025

Автор: Мирјана Јовеска

Бојкот на маркетите и во Македонија: На цел регион му се смачи од поскапувања
Македонија

Бојкот на маркетите и во Македонија: На цел регион му се смачи од поскапувања

По Хрватска, бојкот на маркетите в петок ќе има и во Србија, Црна Гора и во Македонија. Целта не е да се снабдите претходно со потребното, туку да го купите од мали продавници или пазари.

30.01.2025

Автор: Мирјана Јовеска

Сите новости од рубриката Економија

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите