Болоња го декласира Лацио, кикс на Наполи!

16. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болоња го декласира Лацио, кикс на Наполи!

Болоња – Лацио 5:0 е епилогот од попладневниот меч во Серија А. Резултат просто за неверување, ама сепак е вистина. Фудбалерите на Болоња пред своите фанови одиграа одличен меч, за разлика од гостите од Рим кои просто беа очајни.

Стрелци на головите за Болоња беа Одгард, Орсолони, Ндоје, Кастро и Фабијан.

Претходно се одигра и мечот од 29.коло во Серија А, меѓу Венеција и Наполи кој заврши без победник, 0:0. Секако дека ова е голем кикс на составот на Антонио Конте во битката за титулата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата