58
Попладнево силно невреме ја погоди струмичката населба Муртино, предизвикувајќи значителни штети. Интензивен пороен дожд и жесток ветер оставија зад себе поплавени полиња и уништени пластеници.
Локалните жители пријавуваат дека силата на невремето била толку голема што собори дрвја и предизвика сериозни оштетувања на земјоделските насади во околината. Според информации од порталот „Струмица денес“, штетите се обемни и погодиле големи површини од селото.
Невремето ги загрози имотот и работата на земјоделците, кои сега се соочуваат со големи предизвици поради уништените култури и пластеници.