• сабота, 05 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

 

Струмица, 30 мај 2025 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација со победа стартуваше во Европската сребрена лига, откако вечерва во Струмица го совлада Луксембург со максимални 3:0 во сетови (25:16, 25:19, 25:14).

Луксембург на турнирот во Струмица допатува во ослабен состав со што им ја олесни задачата на македонските одбојкарки да извојуваат заслужена победа и да го прослават првиот триумф на меѓународната сцена од октомври 2008 година.

Најефикасна во македонските редови вечерва беше Теа Терзиевска со 14, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева запишаа по осум поени.

За македонските одбојкарки утре е слободен ден пред дуелот в недела против Швајцарија со почеток во 20 часот во салата „Парк“ во Струмица. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан