logo
logo
logo

Неофицијално: СДСМ ПОВТОРНО СО ПЕНДАРОВСКИ во трката за претседател

Vecer | 21.02.2024

Неофицијално: СДСМ ПОВТОРНО СО ПЕНДАРОВСКИ во трката за претседател

Од извори во партијата неофицијално се дознава дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за Претседател на државата, дознава Канал 5.

Оваа одлука, велат извори од СДСМ, деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата, наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери а на 3 ти март да биде и официјланата промотивна конвенција.

Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата.

Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, брифираат неофицијално од СДСМ, објави Канал 5.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk