Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна за пиење, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.
Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, од 5 до 9 мај 2025 година земени се 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Анализите се спроведени во Секторот за санитарна контрола.
- Сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.