Еден ден со шведската инфлуенсерка Матилда Дјерф

16 декември 2022

Швеѓанката Матилда Дјерф е модел, блогер и Instagram инфлуенсер, која е многу активна на социјалните мрежи, секојдневно споделувајќи ги своите интереси поврзани со патувања и мода.

Нејзиниот Instagram профил има повеќе од 2,8 милиони следбеници кои неуморно ги следат нејзините објави. Сепак она што ја издвојува од мноштвото слични ликови е тоа што оваа млада девојка, на свои 25 години е основач на моден бренд за базични модни парчиња наречен Djerf Avenue.

Брендот, кој што е основан во 2019 година, е уникатен по тоа што за своите потреби користи модели и фотографии што не се ретуширани, односно го даваат реалниот приказ.

Матилда како што вели и самата секојдневно е поврзана со своите следбеници, па во едно интервју за Harper's Bazaar открива како го минува денот.

Обично се будам помеѓу 5:30 и 6:00 часот наутро и сакам кога утрата се лежерни, без разлика на тоа каков ден ме чека, предност им давам на моите утрински ритуали.

Матилда открива дека не секогаш практикува тератана. Тоа го остава за летните денови, додека во зима повеќе сака топол напиток во домашна атмсфера.

На прашањето како и поминува работниот ден таа вели дека најголем дел од него е во својата соба дизајнирајќи нови парчиња облека.

Многу е возбудливо да гледате како вашата замисла се претвора во реалност.

Во однос на времето што и го одземаат социјалните мрежи Матилда вели дека времето не битно, најважно ѝ е да остане доследна на себе си и дека е премногу благодарна на сите што ја следат.

Инспирацијата за моите објави ја земам од сопствените парчиња облека што ги носам во моментот. Па така најчесто се фотографирам кога одам накај работа или во канцеларија.

Како омилено парче облека ги посочува фармерките со широк крој од причина што лесно се облекуваат и се комбинираат со повеќе прачиња.

Тука спаѓаат и винтиџ високи потпетици и блејзерот Forever од нејзината колекција.

Кога станува збор за тоа како ги поминува ноќите, односно вечерните часови, Матилда вели дека се зависи од расположението.

Понекогаш пијам коктел со моите омилени луѓе или готвам вечера и се одмарам дома.

Извор: Harper's Bazaar, Pinterest

Објавено:
16 декември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.162 пати