Сончево со мала локална облачност

Објавено на 7 ноември, 2023 во 09:19

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 24.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток.

Нов влажен бран се очекува во петок кон крај на денот и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.