Сигурност без компромиси: како Galaxy S25 ги штити вашите податоци?


Во денешниот свет, кој е сѐ повеќе зависен од технологијата и вештачката интелигенција, заштитата на податоците на нашите уреди никогаш не била поважна. Од секојдневната, наједноставна комуникација до финансиските трансакции, нашите паметни уреди се клучни чувари на лични информации кои треба да останат безбедни. Со постојано зголемување на дигиталните закани како злонамерен софтвер и хакерски нападии, Samsung ја презема одговорноста да обезбеди максимална заштита на вашите податоци преку својата најновата серија уреди – Galaxy S25. Со интегрирани безбедносни технологии и напреден кориснички интерфејс, вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra поставува нови стандарди за сигурност во мобилната индустрија.

Паметна заштита со Samsung Knox

Со серијата Galaxy S25 не добивате само уште еден најнов модел на паметен телефон,  туку уред кој е вистински чувар на вашата приватност. Вградената Samsung Knox платформа обезбедува многу повеќе од само основна заштита, таа интегрира безбедносни карактеристики кои започнуваат од самите хардверски компоненти и се простираат до софтверот, обезбедувајќи заштита од хакерски напади, злонамерен софтвер и неовластен пристап. Од моментот кога ќе го вклучите вашиот Galaxy S25, ќе почувствувате сигурност со Knox Vault платформата наменета за заштита на чувствителни информации, како што се биометриски податоци. Со Knox Matrix, која користи приватен blockchain, секој поврзан уред во вашиот екосистем е безбеден, почнувајќи од паметните телефони, па до телевизорите и фрижидерите.


Напредна заштита во ерата на вештачката интелигенција

Како што технологијата галопирачки напредува, така постојано се појавуваат нови предизвици за заштита на податоците.  Серијата Galaxy S25 е опремена со новата функција Post-Quantum Enhanced Data Protection (EDP), која ги заштитува вашите податоци од потенцијалните закани поврзани со квантното компјутерство, како важен чекор напред во дигиталната безбедност. Покрај ова, Galaxy AI ситемот на функции со вештачка интелигенцијате обезбедува максимална приватност преку обработка директно на уредот, без потреба за пренос на чувствителни податоци на далечни сервери. Вашите податоци остануваат ваши – во сигурни раце, на вашиот уред.


Кориснички интерфејс One UI 7: Безбедност во секој клик

Еден од најголемите достигнувања во Galaxy S25 е новиот One UI 7, интерфејс кој го прави користењето на безбедносните функции на уредот лесно и интуитивно. Со само неколку клика можете да ги контролираат безбедносните поставки, благодарение на user-friendly и едноставниот дизајн на One UI 7. Од заштита на податоци, до управување со дозволи за апликации, One UI 7 обезбедува брз и пристап до сите потребни безбедносни функции. Платформата е оптимизирана за едноставност и флексибилност, што значи дека корисниците можат да изберат како да ја заштитат својата приватност и безбедност на најудобен начин.


Ажурирања на безбедноста: Доверба на долг рок

Samsung е посветен на обезбедување на сигурност и поддршка на своите корисници на долг рок. Galaxy S25 е поддржан со седум години безбедносни ажурирања, што ви овозможува да се ослободите од грижа и гаранција дека вашиот уред ќе остане заштитен од новите безбедносни закани. Постојаните ажурирања значат дека вашиот Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra ќе бидат во тек со најновите безбедносни стандарди, без разлика дали станува збор за исправки на софтвер или нови функции за заштита.

Со новата серија Galaxy S25, Samsung ги редефинира границите за заштита на податоците во мобилниот свет. Бидете меѓу првите кои ќе си ја обезбедат оваа фантастична заштита на податоците во телефонот и нарачајте го веднаш вашиот нов Galaxy S25 | Galaxy S25+| Galaxy S25 Ultra.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Здружението „Љубители на класична музика” Скопје по 17-ти пат организира Свечен концерт по повод светскиот ден на хармониката

Здружението „Љубители на класична музика” Скопје, членка на Светската Унија на хармоникашите Confédération Internationale des …