Три сообраќајки во една вечер во Тиквешијата, полесно повредено е и бебе

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци.
– Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, појасни докторот.
Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.
Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три сообраќајки во една вечер во Тиквешијата,…
Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата,…
Возач тешко повреден во сообраќајка во скопско
На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Старец прегази пензионерка во Скопје
Од МВР известија дека вчера околу 19.15…
Девет годишно девојче удрено од автомобил, со…
На 02.06.2025 во 18.15 часот во ОВР…