• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мидлсбро го отпушти Мајкл Карик

Мидлсбро го отпушти Мајкл Карик

Лондон, 4 јуни 2025 (МИА) - Тимот од Чемпионшип дивизијата, второто ниво на англискиот фудбал, Мидлсбро го отпушти менаџерот Мајкл Карик, соопшти клубот.

Мидлсбро имаше разочарувачка сезона во втората лига на англискиот фудбал и не успеа да се квалификува за плејофот за влез во Премиер лигата.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Англија, Карик, го презеде Мидлсбро во 2022 година и ги водеше до четвртото место и плејофот во својата прва сезона, но клубот заврши на 8-мо и 10-то место во последните две сезони.

-Фудбалскиот клуб Мидлсбро денес се раздели од тренерот Мајкл Карик. Помошниците на Мајкл, Џонатан Вудгејт и Греам Карик, исто така го напуштија клубот, се вели во соопштението на клубот.

Карик одигра повеќе од 700 натпревари на клупско ниво во својата кариера и освои пет титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите со Јунајтед под водство на Алекс Фергусон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан