71 граѓани даруваа крв на крводарителкската акција со „Skill up academy“

Објавено на 4 март, 2024 во 09:50

Успешна е крводарителската акција којашто велешки Црвен крст заедно со „Ѕkill up academy“ ја организираа вчера, 3 март, во просториите на компанијата. Велешани повторно ја покажаа својата хуманост, ја подадоа својата рака и даруваа крв а со тоа се собраа вкупно 71 крвни единици.

-Ова е трета година како се реализира оваа акција заедно со „Skill up academy“ и годинава е најуспешна до сега бидејќи собравме вкупно 71 крвни единици, велат од Црвен крст – Општинска организација Велес.

Инаку, крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и “Skill up academy “.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.