Во Велес изложба „Калиопа Австрија и Северна Македонија, Жените во општеството, културата и науките“
- Како што информираат од Народниот музеј, оваа изложба ги истражува животните приказни на аристократи, уметници, салонски жени, научници, активисти за женски права, политичари, актерки, музичари, лекари и сценски режисери во хронолошка форма.

Велес,15 мај 2024 (МИА) - Народниот музеј од Велес, во соработка со Австриската амбасада вечер во 19:30 часот во Ликовниот салон ќе ја отворат изложбата „Калиопа Австрија и Северна Македонија, Жените во општеството, културата и науките“.
Како што информираат од Народниот музеј, оваа изложба ги истражува животните приказни на аристократи, уметници, салонски жени, научници, активисти за женски права, политичари, актерки, музичари, лекари и сценски режисери во хронолошка форма.
Првпат во овој контекст ќе бидат претставени четири македонски уметнички. Така нацртаниот лак се протега од почетокот на 19 век до денес. Заедничка тема евидентна насекаде е борбата на жените за еманципација, со сите нејзини последователни триумфи и неуспеси. Од желбите за слобода од периодот на бидермаер до нашиот 21 век, многу е постигнато. Но, исто така, јасно се гледа дека вистинската еднаквост сè уште не е постигната, со уште многу да се направи.
Од Народниот музеј ги покануваат сите љубители на уметноста да дојдат на вечерашното отворање на изложбата за која влезот е бесплатен, како и на сите изложби што ги организираат во Ликовниот салон.ад/са/
Фото: плакат