Живот и стил

Кремасти Рафаело бомбици

Кремасти Рафаело бомбици

Овој рецепт за Рафаело бомбици вреди да го пробате.

Состојки:
100 г бело чоколадо
125 г путер на собна температура
125 г шеќер во прав
2 полни лажици павлака
150 г кокос + 20 грама за декорација
20 – 40 потпечени лешници.

Подготовка:

Белото чоколадо изрендајте го на покрупната страна од рендето. Во длабока чинија ставете го путерот и додајте го шеќерот во прав. Измешајте добро со виљушка или миксер.

Во садот додајте ја павлаката и добро измешајте за да се добие хомогена смеса. Потоа, постепено додавајте го кокосот.

Од смесата формирајте топчиња, а во средината на секое од нив поставете печен лешник. Постапката повторете ја додека ја потрошите целата смеса. Бомбиците извалајте ги во кокос.

фото:Freepik

To top