Србија ја скрати првата фудбалска лига од 16 на 12 екипи
- Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија денеска усвои предлог за промена на форматот на натпреварувањето и намалување на бројот на прволигашките екипи од 16 на 12

Белград, 29 мај 2025 (МИА) – Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија денеска усвои предлог за промена на форматот на натпреварувањето и намалување на бројот на прволигашките екипи од 16 на 12.
Новиот формат во српската Суперлига ќе стартува од сезоната 2027/2028, а сезоната 2026/2027 ќе биде преодна со 14 клубови.
Првиот човек на српскиот фудбал Драган Џајиќ, изјави дека одлуката за промена на форматот е дел од поширока стратегија за модернизација на системот на натпреварување и негово приближување до европските стандарди.
„Лига од 12 клубови ќе го подигне квалитетот на играта, што публиката ќе го препознае, а ние ќе им обезбедиме на клубовите подобри услови за развој. Во исто време, убедени сме дека нашите претставници во европските натпреварувања ќе постигнат позначајни резултати благодарение на овој систем. Верувам дека оваа одлука ќе има позитивен ефект врз српскиот фудбал и ќе придонесе за подобра атмосфера во спортот што најмногу го сакаме“, рече Џајиќ. ег
ФОТО: ФСС/Фејсбук