Тренерот на Барселона, Ханс Флик не го криеше разочарувањето од елиминацијата од Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите. Тој сметаше дека резултатот не е фер, и дека некои судиски одлуки биле на страната на противникот.
Флик на крајот кажа дека е горд на својот тим, кој одиграл одлични два натпревари.
„Сите сме разочарани затоа што вложивме многу. Некои контроверзни ситуации беа решени во корист на Интер. Горд сум на мојот тим, мислам дека резултатот е неправеден. Ова е фудбал, тие го заслужија пласманот во финалето, а нивните навивачи беа одлични. Ќе се вратиме следната сезона“, изјави Флик.
На прашањето на новинарите што не му се допаднало кај судијата, Флик одговори:
„Не сакам премногу да зборувам за судијата. Не би било фер кон мојот тим кој играше одлично. Не сакам да зборувам за судијата, му кажав што имав да му кажам“, рече Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА