ОФИЦИЈАЛНО: Ти-Џеј Шортс потпиша со Панатинаикос

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и официјално е нов кошаркар на Панатинаикос

Ланскиот освојувач на Евролигата оваа сезона запре во полуфиналето, а реши за плејмејкерската позиција да го ангажира Американецот со македонски пасош. Шортс доаѓа во Грција по успешната епизода во Париз со кој блесна во елитното европско натпреварување. 

Оваа сезона тој успеа да ги поведе парижани до трофејот во француското првенство и веднаш потоа е промовиран во новата средина. 

Според информациите, Ти-Џеј Шортс парафира двегодишен договор со Панатинаикос. Грчкиот клуб и следната сезона ќе има највисоки амбиции во Евролигата и ќе цели кон нов настап на завршниот турнир и напад на трофејот.