Радио Милева кремата задолжителен придружник

Софија Вергара повторно доминира на Инстаграм – овој пат во мини бикини и топлес

Софија Вергара повторно доминира на Инстаграм – овој пат во мини бикини и топлес

Колумбиско-американската актерка Софија Вергара,, повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм. На најновата фотографија, актерката позираше во танга бикини додека се сончаше покрај базенот – гола, но со еден важен елемент: крема за сончање од нејзината козметичка линија „Тоти“.

„Летото пристигна“, напиша таа кратко на шпански, покрај слика која собра илјадници лајкови.

На друга фотографија од приказната, Вергара носи жолто цветно бикини и сламен визир за да го заштити лицето. А потоа, покрај себе имаше крема за сончање – SPF заштитата  која стана задолжителен дел од нејзината дневна рутина.

„Пораснав во Баранкила, каде што никој не зборуваше за опасностите од сонцето. Дури многу подоцна сфатив колку е важно да се заштитам“, изјави актерката за Харперс Базар.

„Порано буквално се „пржев“ со кокосово масло на телото секој викенд“, призна таа. „Сега излегувам на сонце само на одмор – и секогаш со заштита.“

Нејзините фотографии во бикини станаа редовна појава во текот на целата пролет. Во април, таа го носеше истото црно бикини со шарен топ, додека во мај, позираше во едно парче со детали од  тантела и врзување.

foto:Instagram printscreen/ sofiavergara

To top