Утрово на ГП „Богородица“ се формираа колони од возила кои чекаат влез за Грција. Според информациите од терен, патниците чекаат и по 30 минути.
Зголемена фреквенција на возила утрово има на ГП „Табановце“.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата
Според информациите на АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На државните патишта, пак, по вчерашното невреме во дел од земјава сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.