Вести
СКОПЈАНИ ЌЕ СЕ „ОДБРАНАТ“ ОД КОМАРЦИТЕ – утре наутро авионско прскање против комарци во Скопје
10.06.2025
Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информира Град Скопје.