Томовски се враќа на голот на Македонија, деби за Мартин Ивановски

Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот кој ќе ѝ се спротистави на Естонија во Талин во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2026 година.

На голот на Македонија се враќа повратникот Мартин Томовски, кој ќе дели минутажа со Никола Митревски. Во сениорскиот тим ќе дебитира средниот бек Мартин Ивановски, заради отсуството на Игор Ѓорѓиев и Марко Митев.

Мечот меѓу Естонија и Македонија стартува од 18:00 часот, а нашиот национален тим мора да оди на победа.