logo
logo
logo

Членките на ЕУ ги усогласуваат правила за заеднички европски одбранбени набавки

Vecer | 02.05.2025

Членките на ЕУ ги усогласуваат правила за заеднички европски одбранбени набавки

Меѓу земјите членки на Европската Унија во тек се консултации по предлогот на Полското претседателство со Советот на ЕУ, доставен во средата, за условите за користење на средства за заеднички одбранбени набавки во рамки на програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ), вредна 150 милијарди евра. 

Со полскиот компромисен предлог, според дипломатски извори, се прави обид да се прецизира што точно значи „заедничко купување опрема“ согласно заложбата „купувајте европско“. 

Со предлогот се предвидува можност за учество во програмата САФЕ да аплицираат и фабрики од држави што не се членки на ЕУ, доколку нивната матична земја има и склучено одбранбен пакт или договор за трговска одбранбена индустрија со блокот. Сепак, одреден минимален процент од компонентите на опремата што се набавува мора да биде произведен во ЕУ. 

Дипломатски извори посочуваат дека некои членки на ЕУ сметаат дека ваквите барања се премногу рестриктивни и инсистираат на „поголема отвореност“ за трети земји, потенцирајќи дека вака поставените услови овозможуваат потенцијално учество во заедничките набавки само на компании од Велика Британија, Јужна Кореја и Турција. 

Грција и Холандија, пак, бараат пристапот до програмата САФЕ да биде оневозможен за компании што потекнуваат од „трети земји кои не го почитуваат принципот на владеење на правото“. 

Но, од друга страна европската одбранбена индустрија инсистира при набавките „Европа да биде на прво место“, потенцирајќи дека секторот е „добро позициониран да ги задоволи потребите на земјите членки ЕУ и продолжува да го зголемува својот производствен капацитет“. 

Европската асоцијација за безбедност и одбранбени индустрии (АСД), лоби група што ги застапува интересите на воено-индустрискиот комплекс во ЕУ, смета дека треба да се даде приоритет на  

го зголемување капацитетите на одбранбеното производство во блокот, особено во услови кога има намалување на резервите од странство.  

Оваа група за промоција на европската одбранбена индустрија, вклучително и на „Ербас“, „Сааб“ и МБДА, смета дека референцата „купувајте европско“ особено треба да важи за набавка на софистицирана опрема, како ракети и капацитети за заштита на критичната инфраструктура и за справување од кибер заканите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk