Атлетико со лесна победа над Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид запиша лесна победа од 3-0 против Рајо Ваљекано во 33. коло од шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ победата си ја осигураа со два гола уште во првото полувреме.

Најпрво Сорлот погоди уште во 3. минута за 1-0, а Галагер погоди во 45. минута за 2-0.

Во второто полувреме, Алварез погоди во 77. минута за конечни 3-0.

Се вчитува...