Политика

Обединетото Кралство и ЕУ интензивно бараат начин да ги запленат замрзнатите руски средства

Извор: Ellen Milligan / Bloomberg

18 март 2025, 10:01

ОК и ЕУ се обидуваат да го зголемат економскиот притисок врз Путин пред какви било преговори за мир

Тие се обидуваат да најдат и соодветен начин за заеднички да ги зголемат трошоците за одбрана

За денеска е најавен разговор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин

Обединетото Кралство и ЕУ интензивно бараат начин да ги запленат замрзнатите руски средства

Bloomberg

Обединетото Кралство (ОК) и Европската Унија (ЕУ) ќе ги унапредат разговорите за тоа како да се запленат замрзнатите руски средства и како заеднички да ги зголемат трошоците за одбрана бидејќи бараат начини да го зголемат економскиот притисок врз Владимир Путин пред какви било мировни преговори за ставање крај на неговата војна против Украина.

Министерот за надворешни работи Дејвид Лами и највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, на денешниот состанок во Лондон ќе ги разгледаат „иновативните иницијативи“ за заедничко засилување на финансирањето на европската одбрана и зајакнување на воената подготвеност, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Каја Калас Фото: Симон Волфарт / „Блумберг“
 

 

Разговорите ќе се однесуваат и на тоа како Европа да обезбеди правно и финансиско покритие за запленување на милијардите од руските имоти, посочуваат луѓе запознаени со ова прашање. Напредок е постигнат и покрај отпорот на некои европски земји, како Белгија и Германија, кои остануваат загрижени дека конфискацијата може да го наруши начелото за имунитетот на една држава според меѓународното право и да влијае на еврото, велат тие.

„Соединетите Американски Држави (САД) не се тие што постојано искажуваат загриженост за државните имоти... тоа е всушност Европа“, рече вчера Лами пред Долниот дом. Промената на владата во Германија може да овозможи земјата да ја промени својата позиција по ова прашање, рече тој.

Напорот на Европа да го засили притисокот врз Русија доаѓа пред уште еден разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Путин, кој, според најавите, треба да се случи денеска. САД вршат притисок Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот за кој Украина рече дека е подготвена да го прифати.

Дејвид Лами Фото: Крис Ратклиф / „Блумберг“

 

ЕУ, земјите од Групата седум (Г7) и Австралија замрзнаа околу 280 милијарди долари од средствата на руската централна банка во форма на хартии од вредност и готовина, главно преку клириншката куќа „Еуроклиар“ (Euroclear) со седиште во Белгија. Со наметнатите санкции за истакнати руски поединци се замрзнаа дополнителни околу 58 милијарди долари имот, вклучувајќи домови, јахти и приватни авиони.

Лами и Калас ќе разговараат и за предлогот на ЕУ да им се дозволи на земјите членки да инвестираат 150 милијарди евра (164 милијарди американски долари) кредити од ЕУ за опрема за одбрана, што може да се потроши за оружје од некои трети земји како Велика Британија, Норвешка и Швајцарија, велат луѓето. Обединетото Кралство нема да мора да уплаќа во фондот, но ќе има корист од тоа што државите од ЕУ ќе нарачуваат од британските одбранбени фирми.

„Од витално значење е да го надградиме нашето партнерство со ЕУ и да работиме заедно за да ѝ ставиме крај на оваа војна и да им обезбедиме безбедност на сите наши граѓани“, наведе Лами во изјавата.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

 

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Политика

Накратко од светот: Нема одложување на американските царини
Општо

Накратко од светот: Нема одложување на американските царини

Фјучерсите на американските акции се тргуваат во зелено откако Трамп изјави дека нема да има понатамошни одложувања на царините по 9 јули, крајниот рок за завршување на трговските разговори.

02.07.2025

Автор: Bloomberg Adria

Политика

Иран ја разгледува понудата на САД за рестартирање на нуклеарните преговори
Политика

Иран ја разгледува понудата на САД за рестартирање на нуклеарните преговори

Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека САД се обидуваат да ги обноват нуклеарните преговори со Техеран, нагласувајќи дека неговата земја не брза да продолжи со разговорите.

13.07.2025

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите