Спорт
Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата со 3.910 бодови, додека Италијанецот Јаник Синер е прв со 11.830 бодови. Германецот Александар Зверев е втор со 7.915 бодови, додека на третото место е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010 бодови.
Потоа следат Американецот Тејлор Фриц, Русинот Данил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд. Рускиот тенисер Андреј Рубљев е осми тенисер во светот, а зад него се Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров.
Како и кај другите српски тенисери, Миомир Кечмановиќ го задржа 54. место со 1.021 бод, додека Душан Лајовиќ е 81. светски играч со 710 поени. Хамад Меѓедовиќ е 114. тенисер во светот со 536 поени, додека Ласло Џере е на 115. позиција со 519 поени, пренесува danas.rs
Спорт
ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ на сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детската лига и на проектот „Ајде на фудбал“, за време на натпреварот меѓу Македонија и Белгија.
– Оваа одлука, иницирана од претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ е знак на благодарност и признание за вложениот труд и посветеност на над 2000 деца од 96 екипи кои се натпреваруваа во Детската лига, како и речиси 1000 ученици што беа дел од училишниот фудбалски проект.
Со оваа акција, ФФМ испраќа јасна порака за поддршка на младите фудбалски надежи, со цел да се зајакне љубовта кон спортот и да се мотивираат новите генерации да бидат дел од македонските репрезентации.
Источната трибина ќе биде наменета за овие млади спортисти, кои не се само гледачи, туку и симбол на иднината на македонскиот фудбал, пренесуваат од Фудбалската федерација на Македонија за јавноста.
Извор: ФФМ
Спорт
Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место

Возачот на Ферари имаше тешка трка на Големата награда на Шпанија и заврши на шестото место, а вината за слабата изведба ја презеде врз себе. Стартуваше од петтата позиција, но наскоро беше нападнат од својот тимски колега Шарл Леклер. По само девет круга, на барање на тимот, Хамилтон повторно ја презеде петтата позиција од Леклер.
Поголемиот дел од трката ја мина возејќи сам на петтото место, сè додека подолго задржување при второто влегување во бокс не му ја одзеде позицијата, која ја загуби од поранешниот колега од Мерцедес, Џорџ Расел. По појавата на безбедносното возило, имаше шанса да се врати напред, но беше претекнат од Нико Хулкенберг од тимот на Заубер.
– „Што да кажам? Имав навистина лош ден. Беше тешко, ужасно. Немам што да додадам“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“, додавајќи дека нема смисла да се бара објаснување за трката. На прашањето дали тимот може да му понуди одговори, тој рече: „Не верувам. Веројатно јас сум проблемот.“
Хамилтон истакна дека не знае зошто настапот бил толку лош и дека ова можеби била најлошата трка во однос на рамнотежата на болидот. Инаку, тој е рекордер во Формула 1 по број на победи (105) и пол-позиции (104).
Следната трка во шампионатот ќе се одржи на 15 јуни во Монтреал, за Големата награда на Канада.
Спорт
(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!

Во рамки на денешниот ден генерацијата 2014/2015 од ФК Кичево одигра пријателски натпревар со врсниците исто така од Кичево, екипата на ФК Влазрими. Одлично прикажана игра, фер плеј, маестрални акции, вистинска борба за постигнување погодок.
Големо браво за противничката екипа на ФК Влазрими и стручниот штаб за секогаш добрата организација, браво и до сите фудбалски актери на терен!
-
Хроника1 ден
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (5 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите
-
Спорт20 часа
ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“
-
Скопје8 часа
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот
-
Македонија6 минути
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода