Перински на увид на градежни активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери
- Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, увидот е во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“.

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе изврши увид на градежни активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери.
Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, увидот е во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“.
Според најавата, министерот ќе ја посети општина Гази Баба и заедно со градоначалникот Бобан Стефковски, ќе извршат увид на градежните активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери, при што ќе го најават и почетокот на новата фаза од проектот. бд/дма/
Фото: МИА архива